by Phoenix on Вто 23 Јун 2009, 05:03
...Захирот беше врска со се' што се пренесуваше од генерација на
генерација, ниедно прашање не оставаше без одговор, го окупираше целиот
простор, никогаш не дозволуваше да се соочиме со можноста дека работите
се менуваат.
Се чинеше дека семоќниот захир се раѓа во секое човечко суштество и се
засилува во текот на неговто детство, ги наметнува своите правила кои
од тој миг мора да се следат:
Поинаквите луѓе се опасни, му припаѓаат на друго племе, ги сакаат нашата земја и нашите жени.
Мораме да се жениме, да раѓаме деца, да го продолжуваме видот.
Љубовта е мала, доволна е само за еден човек, и внимавајте! секој обид
да речеме дека срцето е поголемо од тоа се смета за проколнат.
Кога се жениме, стекнуваме право да ги поседуваме телото и душата на партнерот.
Мораме да се занимаваме со нешто што го мразиме зашто сите сме дел од
едно организирано општество и, кога сите би го правеле тоа што сакаат
светот не би напредувал.
Мораме да купуваме накит - тој не' идентификува со нашето племе, како
што пирсингот ги идентификува членовите на некое друго племе.
Мораме да бидеме забавни и да ги гледаме со иронија луѓето што ги
изразуваат своите чувства - за племето е опасно ако дозволи еден од
членовите да ги изрази своите чувства.
Мораме колку што е можно повеќе да избегнуваме да велиме "не", зашто
повеќе не' сакаат кога велиме "да" - а тоа ни овозможува да преживееме
на негостољубивото подрачје.
Поважно е што мислат другите отколку што чувствуваме ние.
Никогаш не предизвикувајте скандали, тоа може да го привлече вниманието на некое непријателско племе.
Ако се однесувате поинаку, ќе ве истераат од племето, зашто може да ги
заразите и другите и да го уништите она што е создадено со тешка мака.
Мораме да размислуваме како да живееме што подобро во новите пештери, а
ако не знаеме точно како, да викнеме декоратор кој ќе стори се' што
може за да видат другите дека имаме вкус.
Мораме да јадеме три пати дневно, дури и ако не сме гладни; мораме да
постиме кога не можеме да се собереме во калапите на убавината, дури и
да гладуваме.
Мораме да се облекуваме според модата, да водиме љубов, независно од
тоа дали сакаме или не, да убиваме од името на границите, да сакаме
времето да летне, а пензијата брзо да стигне, да избираме политичари,
да се жалиме поради животните трошоци, да ја менуваме фризурата, да ги
проколнуваме оние што се поинакви, да одиме на верски култ во недела,
или во сабота, или во петок, во зависност од верата, таму да се молиме
за проштавање на гревовите, да бидеме горди затоа што ја знаеме
вистината и да го презираме другото племе затоа што почитува лажен бог.
Нашите деца мораат да продолжат по нашите стапки, затоа што сме постари и го познаваме светот.
Секогаш мора да имаат универзитетска диплома, дури и ако никогаш нема
да се занимаваат со она што други ги присилиле да го студираат.
Да учат непотребни работи, но кои некој ги прогласил за важни: математика, тригонометрија, законот на Хамураби.
Никако не смеат да ги растажат своите родители, дури и да мораат да се откажат од се' што сакаат.
Музика да слушаат тивко, да зборуваат тивко, да плачат во аголот, зашто
ја сум семоќниот захир, јас ги диктирам правилата на играта,
растојанието меѓу железничките шини, кажувам што е успех, како се сака,
колкава е наградата....
"Захир" - Пауло Коелјо