Punk напиша:Јас не подржвам абортус зато шо требит да му се дајт шанса на бебето да успејт. Постојт и голем ризик да немојт да родит жената ако абортират касно. Сепак го глеам ко убиство на нешто шо е дел од тебе а не би се осмелила на таков чекор. Барем сега имат различни заштити за да не дојт до несакана бременост и доколку некој не пазел не се криви тие ‘‘клетки’’ кои еден ден ќе напрает чоек.
се согласувам со Панк.
_________________________________________________________
Еве што најдов во еден бележник од татко ми..
Не правете грев со убивање на сопственото дете! Не мислите дека абортусот е некоја безопасна операција како отстранување на крајници или вадење заб. Науката тврди дека нероденото дете не може да се смета како некој несакан израсток на телото од својата мајка.
Детето, колку и да е мало, претставува посебна личност.
Човечкиот живот не почнува од моментот на неговото раѓање туку од моментот на зачнувањето. Но, од сето најважно е тоа што убивањето на нероденото дете претставува смртен грев, за кои родителите ќе даваат одговор пред Бога.
Затоа немојте да се чудите ако вас после прекинот на бременоста ви се растурила вашата фамилија или пак на вас наишла некоја тешка болест или некоја тешка несреќа.
Не може мајчинската благосостојба да се гради на детската крв!
Немојте да мислите дека имате право да управувате туѓ живот.
Убивајќи го нероденото дете, родителите се убиваат себе си.
Неродениот човек, како и оној човек кој е роден и одрастен, има своја бесмртна душа.
После смртта на родителите неминовно нив им претстои средба со душите од децата кои ги убиле.
Дневник на нероденото девојче
Од љубов родителите ми дале живот. Така јас мислам... Настануваат моите први жили. Телото ми почнува да се обликува. Веќе имам уста... Срцето почнало да ми чука. Кој уште може да се посомнева дека јас живеам?!
Не сфаќам зошто мајка ми е загрижена...
Рачињата и ноџињата почнаа да ми растат. На рацете ми изникнаа прстиња.. Наскоро со нив ќе можам да фаќам. Кога ќе излезам од утробата ќе ги допирам образите од својата мајка...
Дури денес мајка ми дозна дека ме носи во нејзината утроба... Пресреќна сум поради тоа.. Одвај чекам да ги видам лицата на своите родители. Сега е веќе сигурно дека сум девојче. Ги имам сите органи, подобро ја чувствувам околината...
Ги слушам како моите родители разговараат. Некако се вознемирени. Тато вели: Кога веќе еднаш ќе абортираш? Што ли значи тоа? Можеби се спремаат да ми купат лулка....
Мамо, слушаш ли како ми чука срцето? Тоа чука за тебе сакана мајко... Во твојата утроба се чувствувам безбедно и среќно..
Мајко! Мајко! Каде сме? Што е тоа? Што прават со мене? Мајко, помогни ми!!! Некој сака да ме откорне од тебе... тоа се ножеви.... Мајко... не дозволувај да ме убијат..!! Боли! Ме боли! Те молам... помогни ми!....
***
- Госпоѓо, ја завршивме операцијата... зачетокот е отстранет.