Полкило ракија Форум

Добредојдовте на Форумов. Не сме тука, можете да правите што сакате.
Полкило ракија Форум

... Please (get) off the air!

Goodbye Silence, Hello Kitty!

    Како општеството да се справи со зависниците на дрога?

    Share

    Таксистон од Лешани
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења: 4005
    Местолокација: Септичка јама
    Зачленет на: 2008-09-14

    Re: Како општеството да се справи со зависниците на дрога?

    Пишување by Таксистон од Лешани on Саб 02 Апр 2011, 02:52

    Eдинствениот начин да нема воопшто наркомани е да се стават во апсаана НАРКОДИЛЕРИТЕ.
    Од каде ќе набават дрога наркоманите ако наркодилерите се во апсаанаsto

    Сашо комшијана

    Male Мислења: 11104
    Местолокација: Корча
    Зачленет на: 2008-09-13

    Re: Како општеството да се справи со зависниците на дрога?

    Пишување by Сашо комшијана on Саб 02 Апр 2011, 03:12

    шојмат бре да се справуват општеството со наркосите? ними да им е убо, мене да не ми копет очи.. нели тој беше муабетот и со буљашите и двоцевкашите?

    Robby

    Male Мислења: 7368
    Зачленет на: 2009-07-23

    Re: Како општеството да се справи со зависниците на дрога?

    Пишување by Robby on Саб 02 Апр 2011, 06:01

    Недијагностициран напиша:Ама Роби, зошто помош? Зошто да му помогнеш на човек кој нејќел да биде човек?
    На нив не треба да се гледа со сожалување, ами обратно, треба да се гледа како ГОЛЕМ тумор на човештвото.
    Не постојат предрасуди. Наркоманите треба да бидат изолирани. Тие што не се на вена, треба да бидат ПРИМОРАНИ да работат за беспари. Можеби ќе се избие џанкерското од нив кога ќе растовараат вреќи од камион од 5 до 17 часот.

    Помошта не се состои во сожалување и негување.
    Ако веќе нема казни во вид на смрт за нив, тогаш ... малтретирање додека не излезе и последната џанкерска пот од телото нивно, за човештвото непотребно.



    Сепак мене лично ми е жал за таквите луѓе. Можеби имаат визија за втора шанса во животот, ама дрогата не им дозволува да се вратат на патот.

    Иначе кој би имал корист од џанкер?
    Според нивото на физичка/психичка издржливост тешко дека наркоман ќе постигне цел во некоја работа.

    А мачењето може и да ги предомисли ама исто толку се големи шансите и уште повеќе болката да ја покриваат со дрога.

    Control Panel
    TRY the wine!!

    Male Мислења: 7365
    Зачленет на: 2008-11-20

    Re: Како општеството да се справи со зависниците на дрога?

    Пишување by Control Panel on Саб 02 Апр 2011, 06:27

    Spoiler: Не се дрогираат сите за да ја потиснат тагата.

    Мојот финален став е..дрога треба да има многу.Хероин и шприцеви за да можат деца од 3 години да се пукаат во вена дур играат криенка.Крај краева да му ебам мајката..да видиме како општеството можи да се носи со себе.Кои се добри родители, кои се курвите и курварите кои се шизофрениците и тон други девијации кои успешно се кријат позади недијагностицираноста и лицемерието.


    ___________________________
    Early this morning
    When you knocked upon my door
    Early this morning, oooo
    When you knocked upon my door
    And I said hello Satan
    I believe it's time to go

    UrizenIX
    V.I.T.R.I.O.L.
    V.I.T.R.I.O.L.

    Male Мислења: 1457
    Местолокација: Секаде по малку :)
    Зачленет на: 2009-03-01

    Re: Како општеството да се справи со зависниците на дрога?

    Пишување by UrizenIX on Нед 03 Апр 2011, 02:34

    Која и да е причината за да се дрогираат, нивно право...
    Ако збркаат во дозата, и бараат помош, ќе размислиме да им помогнеме...
    Ако не бараат помош, а прават проблеми во општеството, има лек... има и те како лек :)
    Но тоа ако сакате да сте дел од општеството, системот...
    А тука читам гледам луѓе кои и те како го мразат општеството и системот!

    А да го бутниме општеството и секој да прави како му е Волја? Наркоманите ќе си бидат наркомани, дилерите ќе си бидат дилери, педерите ќе си бидат педери, бунтовници ќе бидат тоа што се (секогаш наоѓаат нешто или некој за да бидат против инаку се чуствуваат мртви)... секој ќе биде она за што е најдобар да биде!
    Нема да мора да се бркаат дипломи, магистратури, да се трошат мамини и татини пари за да се биде некој и нешто (успешен човек преку денешната призма на успех),да се троши време за глупости, да се трошат мамини и татини пари за да се биде наркоман...

    Што викате? Дали тогаш ќе треба да се помага на било кој? :)
    Тогаш кој ли ќе помага на сите тие страдни души кои посегнале по дрогата од X причини? Лелее кој ли ќе им помага на тие неспособни имбецили кои не си ја знаат границата!

    И денес премногу сите сакаат неглобализација, анархија, дека оној или овој на власт влече за нос друг... А сакаат општеството да им решава 99% од животните проблеми!

    Ајде да бутниме се, да видиме дали и тогаш сите ќе бидеме на исто рамниште... да видиме дали ќе се има потреба од помош, и дали ќе сме волни да помагаме на друг...

    Конечен одовор: На наркомани ако не побарале помош, не треба да им се помага!

    My Documents
    Last to know
    Last to know

    Male Мислења: 13466
    Зачленет на: 2008-09-12

    Re: Како општеството да се справи со зависниците на дрога?

    Пишување by My Documents on Нед 03 Апр 2011, 02:40

    UrizenIX, многу, многу арно кажано!

    Убава дијагноза постави.
    Сите тие, цела таа багра на наркоманијата е анти општество и анти систем. Ама кога ќе пукне лошото, од системот бараат помош, кој дотогаш не чинеше. И после не чини, оти не им помагал.

    Многу арно кажано, секоја чест. Јас немам што повеќе да додадам, се би било излишно.

    Освен тоа дека системот, каков и да е, пати и ќе пати од таквите, недијагностицирани души што не знаат што со себе.

    Секоја чест!


    ___________________________
    Another life.

    UrizenIX
    V.I.T.R.I.O.L.
    V.I.T.R.I.O.L.

    Male Мислења: 1457
    Местолокација: Секаде по малку :)
    Зачленет на: 2009-03-01

    Re: Како општеството да се справи со зависниците на дрога?

    Пишување by UrizenIX on Нед 03 Апр 2011, 02:45

    Абе овој став ќе го сменам за 11 дена, верувај...
    Ова не ми е дијагноза... ова само муабет... размисли... недијагностицирани муабети се подобри отколку давање конечен одговор :)
    Ќе застане муабетот инаку :)

    My Documents
    Last to know
    Last to know

    Male Мислења: 13466
    Зачленет на: 2008-09-12

    Re: Како општеството да се справи со зависниците на дрога?

    Пишување by My Documents on Нед 03 Апр 2011, 02:49

    Можеби. АМа што и да се случи, за 11 дена или години, какви да има нови размислувања и недијагностицирани муабето, работата е таква.

    Конзументите на наркотици се врло чудни луѓе.
    Токму тие се со паролата „долу!“.
    А сивата економија, големиот тумор на кое било општество се храни најмногу од нив.
    Сакале ова, сакале она. Законот им сметал. И целосна манџа, да не забегувам во недијагностицираниов муабет.

    Ама арно си го кажа, па не е битно али ке застане муабетот или не. Работите се такви какви што се.


    ___________________________
    Another life.

    UrizenIX
    V.I.T.R.I.O.L.
    V.I.T.R.I.O.L.

    Male Мислења: 1457
    Местолокација: Секаде по малку :)
    Зачленет на: 2009-03-01

    Re: Како општеството да се справи со зависниците на дрога?

    Пишување by UrizenIX on Нед 03 Апр 2011, 02:55

    Види, клучниот збор е ЗАВИСНИЦИ, а не КОРИСНИЦИ!
    Економијата е меч со две острици! Сива или било која боја, треба добро маневрирање со економијата, за да не се испосечеш! Економијата е најниската уметност во уметноста на управувањето!
    Назад на темата:
    Корисници на наркотици (што и да се стави под оваа категорија од "стручни лица") ако ги прави подобри во она што го работат, на такви не им треба помош од никој и не бараат помош и не се бунтуваат против никој!
    Лошо е кога господарот станува роб без да биде свесен(тоа се неспособните имбецили)! Тие бараат ПРАВА, ЗАКОНИ, ПОМОШ!
    Самото барање од некој ПРАВО те прави РОБ!
    Е тоа се наркомани и зависници, чисти робови! А робовите се тепаат, не се лечат!

    Phoenix

    Male Мислења: 8221
    Местолокација: Скопје
    Зачленет на: 2008-10-08

    Re: Како општеството да се справи со зависниците на дрога?

    Пишување by Phoenix on Сре 22 Фед 2012, 13:15



    една слика многу зборови....

    My Documents
    Last to know
    Last to know

    Male Мислења: 13466
    Зачленет на: 2008-09-12

    Re: Како општеството да се справи со зависниците на дрога?

    Пишување by My Documents on Сре 22 Фед 2012, 23:37

    Многу е добро што ги израмнуваш работите. Ми се допаѓа тоа и е многу искрено.
    Тоа што значи?
    Дека лошото општество не' тера да се дрогираме. И тоа е една од работите зошто е лошо.
    Ама ние треба да се браниме од wошото општество со тоа што ќе си се дрогираме самите.

    Тоа е ептен голема слобода.
    „Не правам како што ќе ми кажеш! Истото ке си го правам сам!“



    ___________________________
    Another life.

    Phoenix

    Male Мислења: 8221
    Местолокација: Скопје
    Зачленет на: 2008-10-08

    Re: Како општеството да се справи со зависниците на дрога?

    Пишување by Phoenix on Чет 23 Фед 2012, 05:13

    Немам никаков проблем да го сварам односот на државите кон хемиските дроги ама ми се гади од помислата дека марихуаната е така третирана..

    Што прават владите .. ни кажуваат заебете ја природата немој да јадете месо ! јадете вештачко месо од Соја.. така нешто му доаѓа

    Инаку општеството моментално лошо се справува .. бар со оние на хероин .. Заштитени се како пандите во азија.. комотно може да ми дојде некој наркоман во маркет да си земе шише бајантајн .. да му речам дечко тоа треба да се плати ,, да извади пиштол да ме упука и да не одговара..

    Тоа е еден проблем ..

    Вториот проблем е немање на институции .. ги пукаат во некои објекти од турско време како онаа болница за зависници во К Вода.. па им пружаат некои застарени терапии со метадон кој се почесто се препродава и злоупотребува,,

    Имам прв братучед зависник од хероин во идризово и вујкоми кој нема веќе ништо од животот има куќа со ништо во неа . скромна пензија и син во затвор.. му носи половина од својата пензија секој месец на синот за дрога .. зоштоооооо? зошто се дозволува во затворите да се продава дрога... наместо да се обидат да ги излечат...

    Како моѓе НТШ пред транс журка да тресат на врата и на сите да им проверуваат само по џебови а секој од нив во паричникот по 20 таблети .. па после малдите летаат на Пол ван дајк .. па типот ќе доаѓа и по 100 пати и им е интересен хо хо хо..

    Значи некој си прави пари .. за општеството да се справи со оваа група на луѓе прво владите мора да престанат да допуштаат свесно некој да ја има главната трговија во држават со дрога .. . туку да станат малку солидарни и да се обидат да помогнат

    А народот не смее да гледа на ови луѓе како да се болни од колера.. малку сочувство и емпатија..

      Сега е точно Саб 19 Мај 2012, 19:00