Полкило ракија Форум

Добредојдовте на Форумов. Не сме тука, можете да правите што сакате.
Полкило ракија Форум

... Please (get) off the air!

Goodbye Silence, Hello Kitty!

    Наши прозни бисери

    Share

    Control Panel
    TRY the wine!!

    Male Мислења: 7365
    Зачленет на: 2008-11-20

    Re: Наши прозни бисери

    Пишување by Control Panel on Нед 17 Апр 2011, 15:52

    Приказни од Дембел чаршија

    Овој вторник како и секој во изминатите шест месеци, Исак Хаим синот на познатиот битолски бозаџија Самуел Хаим го помина во муабетење со Давид на една од масите од меаната "Истанбул".Симфониите на Лист, манифестот на Маркс, моралноста на Спиноза и други муабети беа бесконечни дебати кои се провлекуваа од деновите кога заедно студираа философија на Сорбона.Кога часовниците во Дембел чаршија означија 6 часот по европско и 8 часот по турско време, Давид се поздрави со Исак, ја стави својата шапка и се упати кон својот дом низ тесните сокачиња.Татко му на Давид беше рабин, угледен член во нивната заедница па не го одобруваше целодневното џаболебарење на бекриите по битолските меани.Неговите желби беа Давид да го наследи во неговата должност.Наместо да учи да ги рецитира Талмудот и Тората, неговиот син ја помина младоста во учење празноверие и трошење пари во париските бордели . Давид знаеше дека доволно го имаше предизвикано гневот кај татка си, па реши да биди дома за време на вечерната молитва, единствено време кога беа заедно во иста просторија.Иако не разговараа, чуствуваше грижа на совест да го остави стариот рабин да се моли сам, eдинствено нешто шо исполнуваше откако мајка му почина од туберколоза додека тој беше во Париз.Обично и Исак заминуваше заедно со Давид, но пријатното ветре кое доаѓаше по текот на реката Драгор, носејќи ги мирисите на некои опојни тревки кои се раствораа во топлиот јулски воздух, го премисли да остане уште малце.
    На масата спроти Исак седнаа трговците од кујунџискиот еснаф. Порачаа ракија и вино да се почастат за успешната работа која ја завршија за денот.Продадоа три златки рамки за иконите во новоизградената црква Св.Димитрија.Се поздравија со сите гости во меаната, а Исак воопшто не го погледнаа.Го мразеа и се плашеа истовремено од него.Мислеа дека ако разменат збор со него дека ќе им замини умот.Како што и на Исак му замина кога макотрпно заработените пари на татко му, обичниот бозаџија, ги потроши во учење глупости, наместо трговија или занает.Некои шепотеа дека шетал по гробишта ноќе, читал книги кои лично самиот Сотона ги напишал, па дури го обвинуваа за смртта на татко му.Тоа што и "неговите" не му дозволуваа да влези во синагогата беше доволен доказ дека нешто не е во ред со него. Исак беше навикнат на сите тие чаршиски празни муабети, па нељубезниот гест воопшто не го засегна.Го допи чајот, го плати есапот и полека ја напушти меаната, не обрнувајќи внимание на скришните погледи на останатите гости.
    Бидејќи ноќта сеуште не беше паднала реши да прошета малце под густиот липов дрворед покрај самата река.Задлабочен во своите мисли, што покрај куќата на татка си, Давид и заштедата од Париз го имаше единствено на светот, налета на Десоецот кој седеше на каменот пред Ленски Мост.Десоецот беше бездомник чие потекло беше од прилепско село.Откако тамошниот бег го запали неговото село пред дваесет години, тој пристигаа во Битола каде преживуваше од милостината која му ја даваа граѓаните со тоа што им ја претскажуваше иднината.Исто како и Исак, некои го сметаа за луд и дел се плашеа од него, но повеќето тераа шега на неговиот "дар" и неговата парталавост.Малкумина веруваа во неговите претскажувања.Исак, чувстувајќи дека ја дели судбината со тој човек му остави неколку лири во шамијата во која собираше милостина..

    Продолжува...


    ___________________________
    Early this morning
    When you knocked upon my door
    Early this morning, oooo
    When you knocked upon my door
    And I said hello Satan
    I believe it's time to go

    My Documents
    Last to know
    Last to know

    Male Мислења: 13466
    Зачленет на: 2008-09-12

    Re: Наши прозни бисери

    Пишување by My Documents on Пон 11 Jул 2011, 11:33

    Bitter dream


    (on the rooftop)

    Hey!
    - What is it Steven?
    We can walk right in, man!
    - But still I'm blind man, still!
    Never mind the snow in ya head Paul, there's a life out there to steal. Lets not be silly bro!
    - Dirty livin, never kill the pain. OK, lets hit... the stairs.

    (driving in the Cadillac)

    Steven, have you ever been lucid while awake?
    - Awake? (laughter)... dunno man, dunno... ya know, i'm mixed up in my... shoulder top. You know me well, Paul...

    I think that it was a dream. I saw my girl. She falled dreaming on the kitchen sofa, waiting for me. She had some writings. Something like a letter, saying: “If you would come back again, it would take away this pain, but I don't know if you ever will...“

    - And?

    And what? Nothing. I'm there, always. I guess. But... forget it man, just'a dream. And I remember...

    - What?

    I was driving down the road, in the midnight hour. I saw a man, samo lonesome hobo or something like that. Drinking and smoking. I waited awhile. He turned around.
    I saw that man is me...


    ___________________________
    Another life.

    My Documents
    Last to know
    Last to know

    Male Мислења: 13466
    Зачленет на: 2008-09-12

    Re: Наши прозни бисери

    Пишување by My Documents on Вто 12 Jул 2011, 12:16

    Пораки во шише. Од Норвешка.


    Политиката е uber ѓубре. А ѓубрето го измислија за да си најде човекот своина. Некој прави пари од некој што мака одгледува. Снегот тука цела политика, цело ѓубре покрива. Маката ја нема долго време. Ја има, таму далеку, толку далеку. Се сеќаваме, еднаш беше лето. Имаше малку снег. Бистриот ум од Хановер во вид на „жолт гавран“ пишуваше за нашето полноќно сонце. Добро, ајде, го спомена малку.
    Снег. Ние го сакаме. Паѓа. Останува.
    Колку долго треба да се стопи, за да исплови шишето кое ја носи оваа порака. Па ќе стигне некаде, за да те залаже. Кога веќе го нема.
    Овде вечноста има име.
    Ама ние не го знаеме.
    Можеби снегот го покрил. И политиката. И ѓубрето. И црквите што Викернес ги пламна.
    Мирен, мирен, мирен океан.


    ___________________________
    Another life.

    Control Panel
    TRY the wine!!

    Male Мислења: 7365
    Зачленет на: 2008-11-20

    Re: Наши прозни бисери

    Пишување by Control Panel on Саб 16 Jул 2011, 01:40

    Приказни од Дембел Чаршија (2)

    - Тешки времиња надвиснале над нас пријателе.Оние што гледаат се сметаат за најголеми слепци, а слепите во својот Мрак не гледајќи лево и десно, одат право и стигнуваат пред нас, над нас – рече Десоецот со голем презир во гласот. Ги имаш очите на татко ти ама видот ти е од мајка ти.Уште еден “слепец” кои ги талка битолските улици – Десоецот почна да смее гласно, но смеата набргу премина во гласно кашлање.Туберколозата се навлекла во неговите гради после студената зима.
    - Блескотот на грошевите ги заслепува очите, виното го заслепува умот, но на душата само Бог лично му ја зема виделината, ја помрачува.Мојата душа е чиста, затоа ти оставив милостина, не барам никакво гатање, посебно за нешто што веќе го знам.Пријатно – рече Исак и го премина сокакот на чија страна се наоѓаше неговата куќа.

    Душата на Исак не беше истата пред да замини за Париз.Тогаш беше млад, крвта му вриеше за нови слики, звуци и мириси.Во Париз сите негови апетити беа задоволени, па дури проширени...се чувствуваше како слободен човек далеку од болеста на Болниот на Босфорот, на ситните трговци и ситните души.Петте години философија на Сорбона, боемската револуција во париските кабариња исполнета со алкохол, музика и жени, барутот и крвта од задушената Комуна го променија целосно.Се врати како граѓанин на Светот желен да промени нешто во негов романтичарски манир.Ја најде и Битола променета, небаре преку ноќ таа се преместила да биди кварт на некој град северно од Дунав.Започнуваше да процветува благодарение на европските ветрови, бурките и носиите стануваа градски фустани, се отвори бордел во близина на Саатот, пукнатините на калдрмата на Дембел-чаршија - битолскиот Монмартр беа полни со црвено вино.Се шепотеше за доктор Рафаел познат како војводата Скендерберг и собиранките во неговата куќа со луѓето на Шестарот и Ѓонијата, за младиот турски кадет Ататурк и неколкумина од неговите соученици кои не беа согласни со ситуацијата на царството.Конзулите непрекинато испраќаа пошта до нивните матични држави.Револуцијата беше во воздухот, потребна беше само иницијативата сите состојки да оформат хармонија во една кохерантна струја за ново утро.

    Исак Хаим синот на познатиот битолски бозаџија Самуел Хаим чувстуваше припадност и одговорност.

    Продолжува...


    ___________________________
    Early this morning
    When you knocked upon my door
    Early this morning, oooo
    When you knocked upon my door
    And I said hello Satan
    I believe it's time to go

    My Documents
    Last to know
    Last to know

    Male Мислења: 13466
    Зачленет на: 2008-09-12

    Re: Наши прозни бисери

    Пишување by My Documents on Нед 28 Aвг 2011, 11:30

    T.N.I.D.I.

    Иако тоа беше последната сцеена, тој на неа се сеќаваше прво. Се ракуваа и прегрнаа. Двајцата најбратски се „потапкаа по грбот“ со раката што прегрнува. Тоа е раскрсницата.

    Планината за која седупати спомнаа, смеејќи се, колку и да е нереално, постои. Не можеме да ја видиме, барем не ние, не можеме да ја почуствуваме, барем не ние. Но таа постои. Кај нив двајца. Во нивната имагинација која ги спојуваше.

    Претходно, тој беше го претркал Сонцето, за да му тргне во спротивен правец. Преку планината, која ептен парадоксално, постои само заради тоа што нашите бедни очи и тела можат да ја регистрираат, и никако поинаку, се сретнаа.
    Во целата збка и под норвешкото Сонце, па и таму постоеше искреното пријателство. Никој немаше сомнеж во тоа. Ниту тој самиот.

    „Премногу е млад, а веќе е стар!“ си спомнуваше постариот. многу често помислуваше на него. Често, тој, добиваше некои идеи, понекогаш глупи, понекогаш брилијантни. Скоро неверојатно беше да не си споделат нешто меѓусебе.
    Левата рака му беше зафатена со цигара која нон стоп му пречеше ако беше уморен или нервозен. Овој пат, ја остави на пола да се загуши во својата брзоплетост или апатија.
    Или не беше цигара. Само тој дел од приказната му беше нејасен и нему.

    Повторно се присеќа на псоледната сцена која упорно му избива во првите сеќавања. Некако, му создаваше крута насмевка. Знаеше тој што значи пријателство. овој пат, повеќе беше уверен и од републиканците за нивниот трип на Месецот.
    Повторно се насмеа. И повторно помисли „млад е, премногу е млад“.
    многу често се потпрашуваше зошто over and over ја поставува таа констатација.
    Можеби и јас премногу.... нешто! - овај одговор, иако нецелосен, секако му ја задоволуваше љубопитноста која сам ја поставуваше. Барем привремено.
    Меѓутоа, стандардите на тоа пријателство поставија голем критериум и еден дебел и сочен прашалник. is he the only one?
    Широк дијапазон на слики пред неговите очи разбиени од новиот критериум - и ете ти. Кристал.

    Се разбуди. Со левата рака преку челото и нова, крута насмевка. Стана од креветот, ја отвори вратата. Убав воздух го тапна по градите. Слезе по скалите. Почуствува дека телото е водено од млака сила и волја.

    Сега знаеше дека доби нешто ново.

    Неговата личност беше забиена на колец.
    И сега скапува.

    (извадок од The Complex world)


    ___________________________
    Another life.

    Control Panel
    TRY the wine!!

    Male Мислења: 7365
    Зачленет на: 2008-11-20

    Re: Наши прозни бисери

    Пишување by Control Panel on Нед 04 Сеп 2011, 04:00

    Севда за еден асфалт.


    Борис комшијата е човек кој има 93 години и е сопственик на маалска продавница во која единствено можи да се најдат основните намирници како леб, млеко, масло, шеќер и сол. Стара продавничка по примерот на првите бакали меѓу двете светски војни.Иако астматичар, дедо Борис тегни “Филтер Ориентал” наведнат на клупата пред бакалот од сабајле до вечер. Голем мерак има за муабет со локалните минувачи. Тешко сврзува реченица ама уште го држи умот.Ништо не му фали или барем дава таков впечаток. Жена му е одамна почината, ќерка му е поранешен наркоман со вонбрачно дете, бизнисот е за никаде, живее во трошна куќа ама покрај сето тоа мува не го лази. Единствено што жали е дека кога ќе умре - ќе умре на земја.На земја бил роден на село и на земја ќе умре во градот. Улицата од 50 метри на која живее иако во самиот центар не е асфалтирана. Затоа Борис цел живот шета од врата на врата со папка полна со петиции, молби до општината, државата па дури и пишал жалба која ја пратил лично на Тито! Дедо Борис е опседнат со асфалт.

    Во далечната 45’ кога со неговите партизани другари тргнале да го ослободуваат Трст минале низ Љубљана каде прв пат стапнал на асфалт.Бил воодушевен на мазната, рамна подлога. Додека за некои луѓе цивилизираните придобивки кои прват ги почуствувале во социјализмот биле безплатното школување и здравство, задругите, првите театри и кина, за Борис било тоа што можел да носи поудобни обувки наместо грубите цокули наменети за газење во кал и други непријатни терени на село. После војната ги продал нивите и стадото овци на село, го купил скромното куќаре заедно со бакалот во градот од еден Евреин, а од кај Митко чевларот купил едно рало “џентлменски” чевли за да ги шета по асфалтираните улици.

    Ама ете, пуста судбина на дедо Борис, 60 и кусур години после крајот на Војната неговата улица сеуште е земјанка.Од Општината се правдаат дека на улицата му фалеле уште 3 метра должина да се поврзе со еден од булеварите за да добие статус на отворена улица за да ја асфалтираат.Тие 3 метра се всушност ширината на тротоарот на главната улица.Другото чаре е станарите на околните згради да отстапат дел од нивниот паркинг со цел улицата да се поврзе со друга поглавна улица.Никој не сака да му излезе во пресрет, но дедо Борис е упорен. На сите минувачи покрај неговиот бакал им ја раскажува маката, макар тоа да биле истите луѓе кои не сакаат да му се потпишат на една од петициите.

    “Ќе биде, ќе биде” – му велат и гледаат шо попрво да се откачат од досадните муабети на старецот.Не им е во интерес асфалтирана улица на соседите, кога можат своите предни дворчиња да ги прошируваат на недефинираната земјанка или скраја да е, да немаат каде да ги паркираат своите скапи автомобили. Борис не е изветреан како што изгледа, знае дека си поигруваат со него, но бидејќи нема попаметна работа за човек на негови години продолжува со неговата борба, потешка од онаа на Сремскиот фронт.

    Вчера дедо Борис почина.Денес на пладне, сите соседи излегоа да се поздрават со него за последен пат.Во ковчегот лежеше облечен во свечен костум закитен со орденот за ослободувањето на Трст, ги носеше новите "џентлменски" чевли, а во левата рака држеше 2 кутии “Филтер Ориентал”.Да му се најдат за Другиот Свет. Додека поворката се движеше бавно по нерамната неасфалтирана улица накај градските гробишта силен ветар крена огромен облак од прашина.На лицата на присутните потекоа солзи.


    (Посветено на дедо Борис 1918 - 2011)


    ___________________________
    Early this morning
    When you knocked upon my door
    Early this morning, oooo
    When you knocked upon my door
    And I said hello Satan
    I believe it's time to go

    _Elena99_

    Мислења: 4
    Зачленет на: 2011-10-16

    Re: Наши прозни бисери

    Пишување by _Elena99_ on Нед 16 Окт 2011, 23:55


    _Elena99_

    Мислења: 4
    Зачленет на: 2011-10-16

    Re: Наши прозни бисери

    Пишување by _Elena99_ on Пон 17 Окт 2011, 00:01

    еве ја мојата песна

    Зима

    Помина и есента ни дојде зимата.

    Ни дојде зимската убавица

    облече се во бело.

    Покривите,улицте се беше бело.



    Децата весели по цел ден беа во снегот.

    Зимата ги има најубвите празници

    Божик,Нова година и многу други.



    Знајте сите иако зимата е нај студена,

    но сепак таа е една од најубавите годишни времиња. смесна е нели ? ?

    PantomimoS

    Female Мислења: 7596
    Зачленет на: 2008-09-23

    Re: Наши прозни бисери

    Пишување by PantomimoS on Пон 17 Окт 2011, 05:36

    Да, многу е смеСна.

    п.с. Песнава не спаѓа во проза. Се сомневам дали спаѓа и во поезија воопшто.

    п.п.с.

    Сатан Панонски

    Male Мислења: 3437
    Местолокација: Kumanovo =]
    Зачленет на: 2009-06-15

    Re: Наши прозни бисери

    Пишување by Сатан Панонски on Нед 06 Ное 2011, 12:18

    Како го запознав Буковски!

    Ја здогледав случајно, внимателно ја зедов и почнав да чкрабам со сината крв по неа. Дали и создавав болка, тоа ке остане нерешена мистерија до крајот на овој суров живот. Реалноста ме ебеше во мозок и свршуваше право по лице. Ја гледав, ја замислував како поле без крај, полно со трња, во кое чекорев со моето крваво тело, кое беше производ на бодликавите трња. Таа студена ноќ го запознав и старецот, мудриот старец, го замолив за цигара и голтка од неговото 'Порто'. Тоа беше старецот кој твореше долго в ноќта кога бирократите ги турнаа своите смрдливи нозе и дебелиот гас во својот топол незаслужен кревет. Почнавме да зборуваме, сета сила ја употребував да изговорам збор, бев сиот крвав и облеан со пот на челото, тој беше 'дрво' пијан.

    Што понатаму? Многу работи во животот останаа мистерија, па зошто да не и оваа?

    Драг човеку/гомно смеј се колку сакаш на оваа сина крв, јас ке уживам во цигарата пред спиење...

    too short !

    My Documents
    Last to know
    Last to know

    Male Мислења: 13466
    Зачленет на: 2008-09-12

    Re: Наши прозни бисери

    Пишување by My Documents on Сре 07 Дек 2011, 12:48

    1. Секој почеток има 14 милијарди години празно минато

    Нема лесен начин да се објасни ова. Можеби заради тоа што нема потреба. Што тоа јас правев последниот половина час?
    Just thinking.

    Ги одвоив телото и мозокот. На жабата. Тоа го пишува дневникот на студентот по биологија, или слично. Додека го читаш тоа, помислуваш дека е ептееен kewl, а вушност, иднината ќе те запрепасти. Иднината може да биде запрепастувачка? Како прво: за кого како. Како второ, иднината ја има, пред нашиот нос е. Е сега, кој колку знае да чита, воопшто, и кој колку знае да чита брзо и да ја скопча суштината.
    Got it?
    I don’t care if don’t.

    Главата ми се потпира на палецот кој е притиснат од предните два заба, додека моите очи гледаат голем пајак во основата на зидот. Пајакот не се мрда. Многу е тоа пајачки dude! O, да, заборавив. Пајаците сan’t be cool. Тие don’t use drugs.

    Fuck society? Зашто? Затоа што society fucks you?
    - Пааааа, да!
    Не чини?
    - Не чини?
    Зошто тогаш, сакаш да бидеш society look-a-like?

    Почнувам од утре да го читам Орвеловиот кошмар. Нека ова бидат букви кои ќе ја дијагностицираат разликата (if any) пред и после восприемањето на литературата.

    Моментов е створен за прашањето: кој сум јас?
    Мислам дека знам кој сум.
    Единствениот кој не знае да го одговори прашањето.


    10 август 2011 година


    (извадок)


    ___________________________
    Another life.

    Control Panel
    TRY the wine!!

    Male Мислења: 7365
    Зачленет на: 2008-11-20

    Re: Наши прозни бисери

    Пишување by Control Panel on Чет 15 Дек 2011, 09:34

    Скопје 2041

    “Како Министер за екологија на Република Скопјанија И Остали, не гледам друг излез.

    Поради прогресивното загадување на нашата метропола, Владата планира главниот град да го премести на Месечината!Да, на Месечината!

    Во план е да се вгради ракетен погон под самиот град што ќе го лансира и инсталира на лунарната површина.Бидејќи ракетното гориво е премногу скапо, постепеното колонизирање и градење од старт кое подразбира повеќе тури Земја-Месечина е вон-прашање.Вака со една тура ќе биде најрационално.Комисијата за енергетика од наредниот месец, започнува со рестрикции на парното и покачување на цената на нафтата и нафтените деривати за 300% со цел да се заштедат доволно средства за ваквиот потфат.

    Тендер за ваквиот потфат е распишан, како најсериозни конкуренти се имаат јавено НАСА, Иранската Програма за Нуклеарен Развој и Ѕинго Спејс Травел Ејџенси.

    Додека опозицијата стравува дека ваквиот потег сериозно би го компромитирал интегративниот процес во Unionis terra и Галактичката Унија, голем број независни граѓански движења дискутираат за можните поволности.Една од нив е фрлање на ѓубре на 0 гравитација, со што наместо на површината, отпадот ќе заврши во орбитата.Во наредната дека се планирани работилници во кои јавноста ќе биде едуцирана за техниките на остранување на отпад од страна на еминентни сељаци.

    ЈСП изјави дека активно работат на приспособувањето кон новите услови.Најверојатно ќе бидат поставени шини на градските улици, а на градските автобуси ќе им бидат извадени гумите со што ќе конвертираат во трамваи.Двокатни, кинески трамваи.Сепак, Владата сака да го задржи сјајот на Златното Доба на Скопјанија И Остали во почетокот на 21 век.

    Историчарите и археолозите изгледа се најзадоволни од оваа одлука бидејќи минатиот месец докажаа дека Античките Скопјанци во своите походи кон Истокот ја посетиле и Месечината.На само 200 метра од американското знаме е откриен штит со вергина и остатоци од војнички логор.Оваа наод е дополнет археолошкото пронаоѓање на голем број на месечеви камења под црквата на Плаошник.На одредени блогови се шпекулира дека таму се наоѓа и гробот на Александар Ѕверо, па дури и сметаат дека неговата прерана смрт била предизвикана од вселенски цревен паразит пронајден во еден од месечевите бунари за вода.

    Скопје 2041 е најрационален проект кој е компатибилен со нашите потреби и ресурси.По повод ваквиот потег, на денот на раѓањето на Големиот Татко е предвидена парада на плоштад.”

    -Соломоново решение- дополни киборгот Миленко 3.6 и си го поднамести дебелиот газ во фотељата.


    ___________________________
    Early this morning
    When you knocked upon my door
    Early this morning, oooo
    When you knocked upon my door
    And I said hello Satan
    I believe it's time to go

    Миа Колучи
    Млади Бунтовници

    Female Мислења: 4348
    Местолокација: Elite Way School
    Зачленет на: 2009-06-15

    Re: Наши прозни бисери

    Пишување by Миа Колучи on Чет 15 Дек 2011, 09:47

    Прв пат читам вакво четиво.You cracked me up.

    PantomimoS

    Female Мислења: 7596
    Зачленет на: 2008-09-23

    Re: Наши прозни бисери

    Пишување by PantomimoS on Чет 15 Дек 2011, 10:01

    Покрај другото, го имаш доловено менталитетот скопјанијанците во 28 реда. Од прв до последен скопјанијанец. Браво.

    Сатан Панонски

    Male Мислења: 3437
    Местолокација: Kumanovo =]
    Зачленет на: 2009-06-15

    Re: Наши прозни бисери

    Пишување by Сатан Панонски on Пон 13 Фед 2012, 08:40

    На патот кон Дивината

    Ново утро.
    Светлината распространета над мртвиот град.
    Дневникот заспан помеѓу илузиите.
    Музиката заробена околу четири ѕида.

    Се разбудив без твојот флуид.
    Го прашав зракот „Каде е мојата иднина?“
    Мудро молчеше.
    Продолжив да тонам во идеите.


    Дивината не лажеше.
    Шармантниот поглед далеку во нашите очи.
    Синиот автобус стоеше на перонот.
    Само Јас и Ти се пронајдовме во него.
    Згаснат е жарот во нашите тела, додека го вдишуваме овој град.
    „Возачу!“ , храбро реков, „Поведи не во дивината!“
    Таа наивно се подсмевна, додека зјапаше низ прозорецот.
    Ми подаде цигара и продолжи да ги пие тајните убавини на патот кон дивината.
    Седев на црното седиште.
    Седев и размислував.
    Зошто патуваме кон дивината?
    Одговорот се криеше во моето его, таа беше само мојот сопатник.
    Ја изгаснав цигарата, мирисаше чудно.
    Се кренав на нозе, ја прегрнав цврсто.
    Таа веќе беше опиена од тајните убавини, не го почувствува моето присуство.
    Зјапав во прозорецот.
    Сите тие случки од минатото, сега ке згаснат во некој заталкан поток.
    Бегав од проблемите, бегав од стравот, бегав од кукавиците, додека синиот автобус ги влечеше своите гуми по некој осамен автопат.
    Отежнати мисли, чувствата заробени, обвиени во бодликава жица.
    „Возачу, застани!“ , реков.
    Ме погледна намуртено, ми одговори „На пола пат сме човеку!“
    „Назад во реалноста!“ , реков
    Необично чуство ми го преплави телото.
    Ха, можеби реинкарнација, можеби го посетив рајот или пеколот, незнам.
    Таа сеуште вкочанета зјапаше кон прозорецот, се обидуваше да ги пронајде тајните убавини, повторно и повторно.
    Ја стегнав песницата, одлучив да му се спротиставам на суровото минато, за подобра иднина, нормално.
    Темно е долу на дното, сите врати се заклучени со 'рѓосани катанци,
    живеат во заблуда, мислат дека се во светлината, всушност тие се на дното и никогаш нема да испловат таму каде што мислат дека се.
    Синиот автобус запре, веројатно пристигнавме.
    Возачот исчезна некаде во далечина, за миг му го заборавив ликот.
    Таа се расони, се соочи со реалноста, изгледа никогаш повеќе нема да ги здогледа тајните убавини кон патот на дивината, излеговме.
    Таа безнадежно чекореше низ улиците на мртвиот град, без да ме бакне.
    Се стрчав кон топлиот дом, додека се качував по скалите се сопнав.
    За половина час се разбудив од идеите, лежев уште во креветот.
    Зракот исчезнат на другата страна од светот.
    Го убив денот нежно, како што ја убив нејзината среќа на патот кон дивината.

    Сатан Панонски

    Male Мислења: 3437
    Местолокација: Kumanovo =]
    Зачленет на: 2009-06-15

    Re: Наши прозни бисери

    Пишување by Сатан Панонски on Нед 26 Фед 2012, 05:46

    Капиталистичка уметност

    Капиталистичка уметност во мојот град, на моите улици, во моите барови, жубореше како течен лепак, на неа се лепеа нашите перспективни уметници, неизбежно беше да ги одбегнам, но ги давав сите сили и напори да се случи тоа. Моите валкани нозе секогаш предизвикуваа неволја, каде и да тргнеа потта ги освежуваше со нови мисли.
    Поети млади, убави, набилдани со скапо парче облека на себе и препознатливи со својот специфичен заводлив парфем од далечината, во вас е перспективата. Влезете во скапиот автомобил на тато и одлетајте некаде далеку, далеку каде што ке можете да фрлите по некој стих за вашата непрежалена љубов.
    Поетки млади, убави, со неодоливи нозе и добро градено тело, кога на микрофонот одекнуваа вашите празни зборови, искрено ми го дигаа курот, не тие, туку вашиот шармантен глас, по кој копнее секој бесмртник како мене. За жал немав вујко или пак тетин со висока положба во демократијата, со ценета партиска књишка, да ви се придружам во вашите организации и друштва. Дали мојата тематика ве освојува на прв поглед или пак иронично и се насмевнувате и шепотите длабоко во себе „Каков глупак, мисли дека е најпаметен". Дали мојот речник ви ја влажни вашата „невина" пичка или повторно ке прошепотите во себе „Каков напален перверзњак". Моите валкани нозе се враќаат на почетокот од приказната, моите магични зборови ке ги чувам за себе, знам залудно е да ги фрлам пред вашата врата. Вашите зборови, критики, ставови се секогаш главни во овој град.

    Раткапна
    Колце
    Колце

    Female Мислења: 2802
    Местолокација: На пат
    Зачленет на: 2010-08-11

    Re: Наши прозни бисери

    Пишување by Раткапна on Нед 26 Фед 2012, 08:09

    Ми се допаѓаат четивата на Прозак и на Прист, и јас мислам еден прозен бисер да ставам, but than again ако за мене е тоа прозен бисер, не мора да значи дека и за вас е. Не секој прозен текст е за тука..

    Control Panel
    TRY the wine!!

    Male Мислења: 7365
    Зачленет на: 2008-11-20

    Re: Наши прозни бисери

    Пишување by Control Panel on Сре 25 Апр 2012, 01:56

    Роденден


    Ликови: А, B, C, D и останати.Карактерни особини небитни.

    Чин I



    Toпла априлска вечер.Паркче во една солидно урбанизирана населба во Скопје.Наоколу лулашки, еден маалски кош, шишиња со пиво и домашно вино распослани на чакалот околу ликовите.Повеќето тегнат цигари.


    A:(додека дрнка на гитарата) 11ти Април. Денес Џони пoлни 57 години.

    B:(размафтана кон една соговорничка) ...и ти велам така, тие штикли со тој фустан не одат и дај жити се со тие маици со натписи, толку веч-видено, толку демоде.Да ја видеше само вчера на Плоштад.Ужас-ужас!

    A:(со повишен тон, кон сите) Луѓе, Џони денес се родил!

    C:(на телефон со некоја колешка) Јас му велам ако не ти одговара либерална врска, фати си женска од некоја патријахална средина, таа ќе ти готви, пери, пегла..

    (кратка тишина)

    A:(користејќи ја тишината да го слушнат сите) Абе!Денес сме 11, на Џониа му е роденден.

    D:(се враќа со кеса полна фаст фуд.Самиот тој јади голем хамбургер).Се отепав од чекање да дојдам на ред.За џабе.Не е то-то.Има разлика од хамбургеро во Седмица кај Три Бисери со оној шо го прат кај грчка амбасада.

    B: Му рече во мојот да не стават мајонез?
    D: Да.
    C: Koј е мојот?
    D: Овој со две чечкалици забодени.
    Некој од останатите: Дојди тука D, не се срами, да видиме што си испазарил.

    Чин II


    Истата сцена наредниот ден. Зора. Сонцето само што не изгреало. Дотерани луѓе излегуваат од околните влезови на зградите за на работа. Птици пеат од гранките на околните дрвја. Сите се пијани или поднапиени, само А е трезен, полека со цигара ја тегни чашата со вино која си ја насипа пред 3 саати. B полусонлива се сепнува.

    B:(со гримаса на изненаденост, кон сите) Абе денес 12ти сме, вчера на Џони Штулич му беше роденден!
    C:(тапо гледајќи пред себе) Да бееееееееее!
    D:(триејќи си ја брадата) Стварно еј!Како заборавивме?

    А ги слуша, ја зема гитарата од тревата и почнува нешто да фаќа на четирите жици.Со тивок засипнат глас после неколку секунди почнува да пее тивко.Сите го насочуваат вниманието кон него.

    Тоа априлско утро во малиот парк, покрај црцорот на птиците повремено во атмосферата продираа неколку стихови..

    А ја,
    ја немам дара,
    забрањено је да се одговара.


    Или можеби тоа беше ехото на Хрониките за Непознатото.

    (Завеса)


    ___________________________
    Early this morning
    When you knocked upon my door
    Early this morning, oooo
    When you knocked upon my door
    And I said hello Satan
    I believe it's time to go

    Сатан Панонски

    Male Мислења: 3437
    Местолокација: Kumanovo =]
    Зачленет на: 2009-06-15

    Re: Наши прозни бисери

    Пишување by Сатан Панонски on Сре 02 Мај 2012, 22:55


    Не е едноставно да не го прославуваш овој миг на зборот.
    Кога мислиш дека се е така лесно, во твојата градина се појавуваат нови корени.
    Некој го изеде јаболкото предвреме не напушти со неговото тело, но не и со неговата свест.
    Храброста никогаш не исчезнува од скршени и опустошени врата. Бесот е тука со години,
    но доволно е една секунда да биде се срушено во воздух, сите планови да бидат голтнати од гладниот рид, сите инвестиции да пловат по калта...


    Животот е еден обичен напуштен замок, во него твојот дух расфрлан и поделен на стотици парчиња лебди околу тебе, некогаш сигурно ке се сетиш дека треба да го составиш, сите ние се раѓаме со скршен дух, некој успева да го состави за 25, некој за 50, некој никогаш.
    Ропството е присутно околу нас, слободата не е чаша полна со вода за да ја зедеш спокојно од масата, таа е бајка без почеток и крај, се додека не го погледнеш твоето тело, твојот дух како трча низ тие полиња на слободата, ти си заробен во тој обичен замок.
    Тежок е патот од обичниот до необичниот град.

      Сега е точно Саб 19 Мај 2012, 18:59