Наши прозни бисери

ThUnDeR
Мислења: 155
Зачленет на: 2008-09-15
- Post n°1
Наши прозни бисери
Sе што имате ваше во прозен текст, а сакате да го споделите со нас, повелете овде!

ThUnDeR
Мислења: 155
Зачленет на: 2008-09-15
- Post n°2
Re: Наши прозни бисери
aj бидејќи ве гледа дека ве нема во прозава ќе си почнам јас
ТАГА
Зошто, зошто се околу мене е тажно?
Зошто насекаде се слуша детски плач?
Секаде темнина, никаде светол зрак и ни трошка љубов,
во срцево тага, длабока, нескриена тага која нема ниту почеток ни крај и ме тера да плачам, но мојот плач повеќе не се слуша, во мене не остана ниту малку глас. Прашина, прашина која ме гуши, која создава солзи во моиве очи, но , тие нетечат, затоа што ги нема повеќе, не остана ниту една солза во моиве очи, а и во многу други.
Згаснаа безброј срца, се родија мориња и океаи направени од човечки солзи пролеани за своите блиски, многу реки протекоа од врелата крв на младите борци и многу други невини луѓе, од деца на најмала воздрас, до старци кои веќе го проживеале својот живот, но што и кому му згрешиле тие малечки дечиња кои што дури сега треба да почнат да го живеат својот живот, но тој прерано згаснал, во војни кои се водат за парче земја, за нечие задоволство, но , за жал неможе да се врати, срцата на многу луќе се скршија, љубовта во нечии очи повеќе ја нема. Тагата во нашите срца ќе колку и да се трудиме да ја истераме и да ја скриеме, таа болка секогашке не копка и насекаде ке ја носиме во нас. Тоа е минато. Затоа за подобра иднина да се собереме сите заедно и во еден глас да извикаме” Крај на злосторствата, крај на војните кои болат” многу од нас ке речат дека тоа е само изгубено време, безвредно потрошени зборови кои ке минат како ветер, но, не е така, никогаш ништо не е безвредно, можеби веднаш, можеби подоцна ќе се чуе и разбере она што сакаме да го кажеме, а можеби и ке го заболи оној, кој навистина го заслужува тоа.
Затоа да се обединиме и со борба oд зборови да го поразиме непријателот и да го добиеме она што го сакаме, за мирот и среќата да владеат во целиот свет!!!

My Documents- Last to know

Мислења: 13466
Зачленет на: 2008-09-12
- Post n°3
Re: Наши прозни бисери
Hats off to Thunder
___________________________
Another life.

ThUnDeR
Мислења: 155
Зачленет на: 2008-09-15
- Post n°4
Re: Наши прозни бисери
еве и почетокот на мојата книга....
покрај старото, суво дрво на кое се виеа змиите отровници, кое се помалку и помалку се гледаше од густата магла која не гушеше сите нас. Кога се доближив видов дека тоа беше старец, со збрчкано лице и надвиснати очни капаци. Но најчудно од се беше тоа што неговата долга коса беше црна, а неговата брада црвена. Неговото дишење ме вознемири и стравот почна да ме гризе длабоко. Но заразлика од мене змиите кои скоро секогаш беа лути и вознемирени, овојпат беа сосема смирени и воопшто не покажуваа никакви знаци на лутина.
Тоа беше невидено и премногу чудно за мене, па почнав да се приближувам кон него, одејќи со бавни и лесни чекори со страв да не го возенмирам него или змиите. Приближувајќи се кон него, целиот облеан од ладна пот, несакајќи згазнав на една сува гранка која беше паднала од дрвото.
Таа се скрши и го испушти оној звук на врева од кој најмногу се плашев. Тогаш, старецот се сврти кон мене и со својот дебел и залиптавен глас ми се обрати:
- Добар ден младичу! – одекна силно како грмотевица.
- Добар ден! – возвратив јас со истата јачина небаре сум силен и воопшто неисплашен. Но трепетот во мојот глас ме издаде и тој ми рече:
Не плаши се момче!-дојди, нека не те плаши мојот изглед, јас сум она што ќе бидеш и ти, а ти си она што бев јас пред воопшто да сватам што се случува во овој и во многу други за нас сеуште непознати светови.
Тогаш јас така охрабрен од него, а воедно и од себеси, тргнав весело кон старецот со мисла да покажам дека не се плашам да седнам веднаш до него, на каменот. Но кога погледнав во неговите очи не само што ја изгубив храброста, туку за момент почувствував како моето срце престана да чука, моето дишење одненадеж сопре, мојата гордост и сила исчезнаа некаде во далечината која, што како што претходно напоменав, поради густата магла не се гледаше. Којзнае каде замиав јас, она момче од предмалку кое беше високо и силно на кого сите му се восхитуваа, пропаднав, како земјата да ја отвори својата уста и да ме проголта. Неговите очи беа како на дива мачка која сака да ме проголта, не поради она што сум го направил како пркост, туку поради тоа што воопшто постојам, што ја газам земјата на која што тој веќе поминал и оставил своја трага па сега јас ја уништувам, или на која што допрва треба да оди, па трагата која што ќе ја остави нема да биде совршена, онаква каква што тој сака.
Но, тој тогаш стана ме фати за рака и рече:
Момче младо, допри ме и почувствувај ја мојава рака, моjава кожа. И јас сум од крв и месо, и јас сум она што ќе бидеш ти. Но тој ниеднаш не спомена дека е човек, па, оние зборови дека и јас еден ден ќе бидам она што е тој не престанаа да ми се вртат низ мислите.
Дал е само старец, или некој волшебник, а можеби и дух, којзнае, можеби е од друга планета па ме помешал со некој друг..... Во тој момент премногу мисли поминаа низ мојава глава, на што ли се не помислив, дури и на змејови и на суштества од приказните во кои не веруваат ни малите деца.
Тогаш тој повторно како да ги прочита моите мисли и рече:
- Дојди Теменисе, седни до мене. – па го изговори моето име од каде ли го знае? Што ли се случува? Кој е овој.... повторно истите мисли низ мојава глава.
- Моето име е Артенис. Јас сум...односно бев човек, воин, кој бесстрашно и неразмислувајќи за ништо друго освен за својата земја и својот народ се борев во најголемите и најстрашни битки, се додека еден ден не бев предаден од чуварот на мојот грб, мојот најдобар пријател, мојот брат Архон.
Ние бевме браќа кои иако доени од различни доилки, беа секогаш заедно и никој и ништо неможеше да ги раздели. Бевме страв и трепет за белиот свет, луѓето се чудеа на нашата сила и нашата сложност. Бевме како два дела од еден клуч со кој се отклучува вратата на силата, вратата на мудроста. Кога бевме заедно немаше сила што може да не победи, немаше мудрост која може да не надмудри, немаше богатство што може да не купи. Но, Теменисе сега се тоа е само минато, исчезна, пропадна во големата вода која го пресекува нашиот пат, стана прав. Тогаш тој почна да раскажува, но мене ми се чинеше дека почнува од крајот па му реков:
Дедо Артенисе може ли оваа приказна да ја почнеш од почеток, од онаму каде што се почнало? А тој ми одговори:
Ех мое младо момче, кога би почнал јас од онаму од каде што се почнало, а неможам затоа што ниту сум видел, а ни чул за тој почеток, нит моја нога тогаш шетала на оваа земја...ах оваа, кој знае дал била оваа или некоја друга поубава или погрда, па воедно и што знаеме ние клетници на овој темен век. Незнаеме дал сонцето излегува од зад планината, ил планината се спушта па ни го остава да не грее, а кога ќе ни се налути повторно го крие само за себе. Незнаеме дал Бог е суштество живо, дал прав е, ил мисла во главите ни луди,а сепак кажуваме дека тој ќе ни суди. Ееееее...каде ли замина векот, а каде сме и ние?
Јас бев постар од мојот брат Архон за две лета. Но нас небеше не доела иста доилка поради тоа што мојата ја испуштила својата душа некаде во неповрат, рака под рака со смртта, далеку од очите, а блиску до телото, но не нејзиното тело, телото на некој непрокопсаник, некој кој не ја заслужува нејзината душа,
но сепак таа заминала на денот кога јас од нејзината мрачна утроба сум се појавил на белиов...ах, белиов, ова е црн, зелен, син, жолт.. само не бел свет, свет во кој секој момент треба да очекуваме некој, секој а можеби и понекој да не остави на цедило кога најмногу ни треба. Но постојат оние севишните ни богови кои го гледаат тоа и ја изрекуваат својата казна.
Но јас да продолжам со она кое што почнав. И така после мојата мајка, татко ми Теодисиј зел друга сопатничка за своето преостанато време, која ќе е со него и во добро и во зло, и во пекол и во рај, на секој нов почеток и крај, на се што е ново и се она што е старо. Тоа беше мајката на Архон, добродушна жена која правеше онака како татко ќе наредеше, и се за нашето добро. Кога го роди мојот брат, боговите рекоа дека тој бил другата половина на мојата незапирливост, на златното јаболко кое се криело во мене, на клучот кој треба да ја отклучи вратата кон доброто, силата и мудроста, затоа што она што се криело во мене било бескорисно без него и обратно. Поради тоа уште од мали нозе се правевме заедно. Заедно го јадевме насушниот ни леб, јадевме од иста чинија, од иста чаша го пиевме млекото кое ни го даваа нашите говеда, заедоно ги поминувавме деновите во кои никогаш не ни беше досадно....секој ден се повеќе и повеќе станувавме поблиски и поблиски, се понеразделни, се додека еден ден Архон не се здружи со злите богови кои сакаа да направат се за да не разделат и да ја уништат силата на доброто. Седејќи јас пред колибата во која што живеевме и искористувајќи го јасното сонце кое не грее сите подеднакво и размислувајќи за големата битка која не чека наредниот ден Архон излезе и ја отвори својата уста и од неа излегоа неочекувани, чудни, погани зборови кои гласеа вака:
Јас Архон Бесстрашниот одбивам да се борам против злиот тиранин Даријос кој бессрамно и неразмислувајќи за нас ја нападна нашата татковина. Јас изненаден од тие зборови, а воедно и неверувајќи им на своите уши, ги раширив очиве, зашто мислев дека сум заспал и сонувам. Но, за жал тоа небеше така. Го видов својот брат по крв како со свиени веѓи стои пред мене, со скрстени раце и со остар поглед фрлен врз мене. Тогаш јас станав и го погледнав подобро од поблизу, но, сеуште неможев да верувам. А во што ли воопшто да верувам?
Кој ли е денес за верување? Кој ли го заслужува тоа? Па дури и да го заслужи, го направил тоа само за да ја придобие твојата доверба за потоа многу мудро и оштро да ја искористи противтебе, да те удри онолку ниско колку што никогаш не си замислил дека тоа го може ни твојот најголем душман, да те скрши на безбројни парчиња за никогаш повеќе да не бидеш составен. Тогаш јас го погледнав Архон длабоко во неговите мачкини очи и му реков:
О брате, о мој вечен сопатнику кој ме следи секаде како сенка, штитенику на мојот грб. Зар од тебе дочекав вакво нечовечно нешто, нешто против кое се боревме сиот наш живот, против кое пролеавме реки од крв, за кое изумреа небројани, невини луѓе, дал и ти мој брате се сврте против нас? А кој сме тоа нас,ние? Постои ли воопшто такво нешто, нешто кое што е обединето? Кое не држи заедно без разлика во добро или зло. Не обрнувајќи внимание на тоа дал треба да се слави ил меч под грло да се стави, да се љуби ил живот да се губи. Ах Теменисе не постои денес такво нешто, не постои веќе одамана, тоа е само мечта изгубена некаде во времето која што којзнае дали некогаш и некаде повторно ке заживее, дали повторно ќе се роди таа неизмерна љубов, љубов која што не требаше да згасне..да,да Теменисе не требаше да згасне како и многу други нешта кои неочекувано и во еден миг исчезнаа и згаснаа,како оган кој тлеел, како пепел однесена од ветрот некаде во неповрат. Овој наш некогаш совршен и преубав свет за живеење, сега станува пустина во која и да најдеш капка вода твојот најблизок ќе ја затрупа со песок, само за ти да не бидеш задоволен, само за некој друг да не биде среќен, затоа што среќата на другиот за нас е неподнослива, ни создава неизмерна болка на која и нема лек. А тој сосем смирено и без никаква грижа на совеста ми одговори:
О непрокопсанику, о изгубен чувару на рајските порти. Дал ти
Навистина мислиш дека некому му е грижа за она што го правиш? Дал навистина мислиш дека некој ќе ти биде навистина благодарен? О не брату тоа е само мисла која те води, но еден ден ќе биде и меч кој што те боди. Тука завршува нашиот заеднички пат, одтука продолжуваш сам со времето кое полека ќе те јаде. Ох се замислив тогаш јас, што ли ме најде в овој кобен час. Дал да плачам ил да се смеам, дал да тагувам ил да пеам? Во тој момент неможев да поверувам на она што го слушнав, што ли се случуваше во тој момент? Неможев да се помирам со дека се што дотогаш бев делел со него сега ќе треба да го правам сосема сам. Зарем сега сам ќе треба да го јадам насушниот леб, да го пијам црвеното како крв вино. Со тоа веќе се помирив. Но, неможев сеуште да верувам дека битиките во кои секогаш си го штитевме грбот еден на друг, земавме и дававме еден на друг, дека битките со глутниците од крволочни волци ќе треба да се борам сам, ќе бидам сам во како капка во океанот од злочини, од океанот полн со грешници и пакостници. Тогаш како во магла се сетив на една умотворба која воопшто неможев да се сетам каде и кога, како и од кого сум ја чул. Но се сетив на неа како да сум ја чул вчера, а таа гласеше вака :
Во темните одаи на животот
Каде што светлината е недостижна
А прашината што не гуши е храна
За нашите заталкани души
Порокот на нашиот глас
Нема да го дочека својот спас
На колена пред семоќниот ни бог
Се поблиску сме до крајниот рок
Нашето време безвредно тече
Наместо да го бараме излезот,тој рече
Зошто времето не не чека нас
Неосетно ке дојде и последниот час
Од кој сите несвесно се плашиме
Рече тој чуден глас
Не беше тој човек,а ни бог
Кој сите велат дека семоќен бил
Ако е така зошто....
Зошто тој од мене би се скрил?
Дал јас сум олицетворение
На ѓаволот,братот негов сив
Ил сум потомок на некој
Еднорог нескротлив див?
Ил тој е илузија бедна
Која е измислена
За човекот да има мисла една
Ех,што ли само се крие
Зад таа врата, чудна и темна?
Дал сокриен скржавец
Кој ја крие светлината
Или топлината која за мене
Е сеуште непозната.
Или можеби е она што не плаши?
Лути огној во небесата што горат!
Ноќни мори што во нас ке се створат
Ил пороците ни темни
Секој од нас што го демни...
Се сетив на ова кога најмалку очекував дека ќе ми треба. И конечно истотака ненадевајќи се дека некогаш и некаде ќе сватам што сакал овој јадник кој ги наредил овие бисери, бисери кои се изронати од очите на некој јадик со чисто срце, јадник кој дури сега сватив што и како се чувствувал, што му
се случувало, која ли чума него го нападнала во тој момент кога овој гердан се нижел. Конечно, не дека имав желба или кој знае што ја почувствував вистинската болка на човекот, виситнското чувство на тага и осаменост, потреба да ти се врати оној кој некогаш си го имал, оној што ти значи се во твојот живот, оној од кој никогаш се до тој момент не си очекувал дека ќе ти зарие најостар нож в грб, оној што ти бил сон и јаве, оној кој бил твој вечен сопатник….
поемава веќе ја ставив во проза ама јбг во книгава е

- Post n°5
Re: Наши прозни бисери
Аууу..
Не го прочитав цел..ама..ауууу
Не го прочитав цел..ама..ауууу

___________________________
Another life.

PantomimoS
Мислења: 7596
Зачленет на: 2008-09-23
- Post n°7
Re: Наши прозни бисери
браво,браво.многу ми е мило кога ќе видам дека некој прави нешто паметно!само напред

Shadow- мици ᵀᴴᴱ ᴼᴿᴵᴳᴵᴻᴬᴸ

Мислења: 1197
Местолокација: Underworld
Зачленет на: 2008-09-22
- Post n°8
Re: Наши прозни бисери
Вечната празнина
Чекореше напред...а понекогаш се осмелуваше да погледне назад без страв дека ќе ја одвеат бурите на минатото. А ветрот во кој помириса надеж, си поигруваше со нејзината коса. И со нејзиниот ум. Чекореше, сама. Новиот ден и зашепоте дека и ова е само еден од оние денови во кои требаше повторно да ја стави маската, онаа насмевка што беше како прикована за нејзиното лице. Кристалните очи погледнаа кон небото и заблескаа. Небaре облаците си поиграа со неа и ги виде своите скршени соништа, чувствувајќи го познатиот немир во градите, вечната празнина. Навидум изгледаше безгрижна млада девојка полека истражувајќи се околу себе, но во длабочината на нејзината душа потсетуваше на ранета срна, млада и беспомошна. Никој не знаеше дека нејзиното срце крвареше. И никој немаше за да и го каже тоа што и беше потребно да gо слушне, само стар часовник одбројувајќи го времето напразно. Таа полека паѓаше во темнина, на која не можеше да и го открие крајот...надевајќи се дека некој ќе се обиде да ја спаси и да ја тргне таа прекривка на самотија. И во моментот кога требаше повторно да ја прегази својата гордост, почувствува нешто топло на својата рака, нешто што и го замати видот. Таа плачеше.
полу-афтобиографски текст... напишан у sad momets

- Post n°9
Re: Наши прозни бисери
И,еве сум пак, седам сама на нашето место на кровот една зграда, место на многу волшеби изгрејсонца,златни зајдисонца, бесконечни размислувања, и милиони заеднички моменти.Во ова осамено попладне размислувам за нив.Се враќам во она време кога безгрижни седевме по парковите во градот, свиревме гитари и се радувавме на секоја шанса да испиеш едно ладно скопско.Поминувам низ нашите детства, раните тинејџерски денови, местата кај што сме биле, и стигнувам до една вечер, една одвратна вечер кога видов нешто во тебе.
Тоа беше вчера.Се сеќавам на секој момент.Те видов во паркот, лежеше сама.Те погледнав во едвај отворените очи, очи кои за прв пат ги видов толку матни и празни.Сиот сјај во нив го испил тој порок, тој одвратен, мал убиец кој во моментот шеташе низ твојата млада,детска крв.Се прашував зошто?Повторно ги гледав тие тажни, клапнати очи.Твоите проширени зеници ми даваа слика на две празни црни дупки.Во нив нема ништо, освен потреба.Не ја гледав повеќе онаа силна желба за живот во нив.Сега во нив се огледуваше твојата психа.Ти сакаше љубов,ти сакаше внимание.Твоето нежно, ситно тело се грчеше, студот завладеа во тебе, во твојот дух.Ти бараше потврда.Потврда за нешто што го добиваш 24/7.
И сеуште седам на кулата.Сеуште се прашувам и сеуште незнам зошто??!!Ти падна на тој совршено циничен убиец кој те обзема за пократко време од самиот залез на сонцето.Погледнувам на запад, небото е прекрасно, обоено со пламен и златни конци, тоа гори, тоа блеска.Сонцето полека заоѓа, а со него и ти...
(делот со совршено циничен убиец е украден од архангел :hmmm: ама мислам дека совршено се вклопува)

Последната промена е направена од PantomimoS на Чет 16 Окт 2008, 03:12. Мислењето е променето 1 пати

Shadow- мици ᵀᴴᴱ ᴼᴿᴵᴳᴵᴻᴬᴸ

Мислења: 1197
Местолокација: Underworld
Зачленет на: 2008-09-22
- Post n°10
Re: Наши прозни бисери
PantomimoS, преубаво опишана реална случка... :dada:

PantomimoS
Мислења: 7596
Зачленет на: 2008-09-23
- Post n°11
Re: Наши прозни бисери
фала фала...исто и твоето како што ти кажав уште првиот пат кога го читав.ама уште еднаш да не сум те видела таква!!!! :hahasto:

Shadow- мици ᵀᴴᴱ ᴼᴿᴵᴳᴵᴻᴬᴸ

Мислења: 1197
Местолокација: Underworld
Зачленет на: 2008-09-22
- Post n°12
Re: Наши прозни бисери
what can i do... 

frose- Пивопиец

Мислења: 9440
Местолокација: Негде Низ Скопјево
Зачленет на: 2008-10-20
- Post n°13
Re: Наши прозни бисери
Плачење.... за љубов
И денес очиве полни со тага и очај бараат трошка љубов...
Како пополека одам, така се повеќе се повредувам, како да нема крај на оваа болка. Се повеќе и повеќе расте. Никој не го гледа очајот во мене, го кријам но тој се повеќе и повеќе излегува...
Така ми умираат сите сништа, како пополека одам така уличните светилки се повеќе се гаснат после мене, ми умираат сништата еден по еден.
Зарем сите тие солзи беа бесплатни!!!!
Секоја трошка среќа што остана во моите сеќавања се губи, ја снемува, среќните сеќавања одамна поминаа, а болните сеуште ми го мачат срцето...
Станав просјак на љубовта!
Времето одминува рушејќи ми го светот, а неговите очи се како шлаканица која ветрот постојано ми ја подарува!!!
Што ќе ми е животот, не ми е потребно само да дишам,потребно ми е да постојам, да се смеам и да сум среќна, тие да ја потполнат онаа дупка, онаа празнина во срцето, што не може да се види туку само да се почувствува!!!
Крвави солзи паѓаат врз таа рана, душата ми се гуши во солзите, а телото во крвта!!
Тонам во неспокојот, дишам за другите, плачам за неповратеното, а живеам за болката, за да и дозволам да ме исцица до крај!!!

Ивањушка- passive aggressive bullshit

Мислења: 7666
Местолокација: ниви со младо кромидче
Зачленет на: 2008-09-15
- Post n°14
Re: Наши прозни бисери
фросоооо мориииииииииии

frose- Пивопиец

Мислења: 9440
Местолокација: Негде Низ Скопјево
Зачленет на: 2008-10-20
- Post n°16
Re: Наши прозни бисери
... Сега не е важно ...
Велат дека убавото кратко трае... од ден на ден се почнува да семенува незабележително, но многу очигледно. Во животот на една девојка со плава коса,почна да навлегува момче со најубавите очи во целиот свет по име... не е важно кое. Тоа момче и ги зароби мислите, потоа и срцето, кога конечно свати дека е вљубена. Треперела на секој негов поглед. Копнеела и се надевала дека ќе дојде денот кога тој ќе го почувствува истото. Со текот на времето, соочувањето лице в лице со реалноста било неизбежно. Нејзината љубов била невозвратена. Нејзиното срце било скршено... Со текот на времето, подмолната игра на животот го натера момчето со најубавите очи на светот да се вљуби во неа. Но тогаш нејзината љубов била преболена и наречена заборав. Играта на животот која никој незнае да ја игра го натера момчето со најубави очи да се вљуби во неа и да ја вкуси горчината на љубовта. Но знаете што? Сега не е важно...

- Post n°18
Re: Наши прозни бисери
PantomimoS напиша:најјјсссс
благодарензии

Ивањушка- passive aggressive bullshit

Мислења: 7666
Местолокација: ниви со младо кромидче
Зачленет на: 2008-09-15
- Post n°19
Re: Наши прозни бисери
муриии шо те сакамммм

Шмугле
Мислења: 4307
Зачленет на: 2008-09-14
- Post n°20
Re: Наши прозни бисери
Ми даде мало парче лепче, и дел од останатото сирење од доручекот. Ми ја извади мојата омилена торба од детството на која памтам како ме учеше да плетам. Знаеше дека сакав да се почувствувам слободна, знаеше дека сакав да се навратам кон старите спомени.. кон безгрижноста, кон детството, кон наивноста...
Нозеве сами ме носеа по патот. Се искачив. Ах... нешто ме скокотна на образот. Па тоа е солза. И самата незнаев дали е од тага или од исполнетост. Еден дел во мене ги бараше и тагуваше по тие денови, додека друг се восхитуваше на прекрасните поминати денови тука, на сите спомени...
Ги извадив парчето и леб и сирење од малата шарена торба. Го допрев дрвото. Сеуште беше исто. Мислам дека ги чувствував истите емоции, истата радост истата распореденост на неговите линии...
Се спуштив полека и седнав. Се потпрев на него. Нешто ме боцна... мало камче. Сиво. Се сетив на сите игри кои токму со овие камчиња ги игравме.
Пред да го ставам сирењето во лепчето го помирисав убаво. Во тој мирис се вмешаа и миризбите на штотуку искосените треви, на штотуку процутената камилица...
Задува нежен ветар, ги однесе миризбите а јас набргу завршив со моето јадење.
Боже. Зарем е можно да ги слушам повторно коњите на селаните кои доаѓаа да ги искосат ливадите?
Зарем се тоа гласовите на децата во кои тогаш спаѓав и јас? Станав. Сонцето силно сјаеше во моето румено лице. Повторно го осеќав тоа 'селско' руменило на моето лице. Повторно бев бескрајно чувствителна. Ги осеќав сите тревки под мене како ме боцкаа, но тоа ми беше мило. Ги гледав и слушав пчелките кои прелетуваа пред моите очи, се упатуваа кон белите цветови камилица...
Повторно задува разиграниот ветар... овојпат со поголема острина.
Студот ме исполни. Тоа беше кулминацијата на моите чувства. Зарем има нешто попрекрасно од ова.
Режењето од страна на ветарот симболизарјки го доаѓањето на зимата, звукот на плечките симболизирајки ја нивната способност, миризбите на сите чаеви одоколу симболизирајки на нивната лековитост, миризбата на сеното симболизирајки ја работата на селаните, руменилото на моето лице симболизирајки го мојот минат живот... и сето тоа собрано во една прекрасна емоција која целосно ме одведе во сосем различен свет. Како повторно да го осетив и неговото присуство тука.(?)
Дали си тоа навистина ти? Неговиот лик одеднаш ми се појави. Како да ја чувствував неговата дланка до мене, давајки ми ја потребната топлина во тој волшебен момент. Посакав повторно да се бркаме по лединките, да се валкаме по ридовите...
Но...
Почекај! Каде отиде? Каде отидоа миризбите? Каде е звукот на пчелките? Сите тие миризби... ?
Почувствував огромен стуг... и празнина.
Ветерот се засили. Сватив дека сум во истата положба во која бев и кога завршив со моето јадење. Имав долг пат пред мене.
Се упатив кон нејзината куќа, со насмевка на моето лице. Со топлина во моето срце. Со огромна љубов спремна за делење...